а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

аклиматизира

аклиматизираат; аклиматизирајќи
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
1. Приспособи, приспособува кон туѓа клима.
Англиски: acclimatize Албански: aklimatizoj
2. Приспособи, приспособува кон туѓа географска средина.
Англиски: acclimatize Албански: aklimatizoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ботаничарите ги аклиматизираа стеблата од киви со специјална заштита.
3. (се аклиматизира) Се приспособи, се приспособува кон нови климатски услови и кон нова средина.
Англиски: acclimatize Албански: aklimatizoj
Примери:
Тие се аклиматизираа по две недели и немаа никакви проблеми со морската клима.
4. (се аклиматизира) Прифати, прифаќа друга средина како сопствено.
Англиски: acclimatize Албански: aklimatizoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Горан се аклиматизира во новото училиште.
Изведенки
аклиматизирање ср.
глаг. им.